Заев за Попова Шапка: Треба да се следат успешните примери

од Aleksandar Todeski
235 прегледи

Владината седница во Тетово го отвара прашањето за Попова Шапка, со оглед на фактот што физибилити студијата дава неколку опции. Според премиерот Зоран Заев, треба да се следат успешните примери со вакви модели.

„Физибилити студија покажува три алтернативи. Едно е државата да продолжи да работи, но тоа ќе трае бидејќи државата е слаб менаџер и не ги знае сите аспекти на туристичка понуда, а имаме аеродорм под 100 километри, ваква локација нема во регионот. Второ е јавно приватно партнерство во делот на жичарите и продажба на хотелите и третиот е јавно-приватно партнерство. Верувам аналитичарите ќе пресечат најдобар модел, не сака држава да ќари пари туку да има модерен ски центар зошто е важно за БДП, за нови места работни, за економијата. Ако ме прашувате мене би го следел примерот на успешните држави во ваквите модели. Би посакал Швајцарија, Франција и Германија да инвестираат тука“, истакна премиерот.

Тој рече дека се обезбедени пари и наскоро ќе почнат со градба дополнителниот објект за гимназијата и основното училиште во Мала Речица.

„Составен дел од програма е изградата на Кирил Пејчиновиќ и основно училиште во Мала Речица. Има одбренија за градба од општината, верувам дека сектор за инвестиции во МОН ќе даде соодветени одобренија за тоа“, истакна Заев.

Како што рече премиерот, во соработка со општина Тетово ќе се решава намерата за градба на обиколница од Тетово кон Јажинце.

Слични содржини