Познатата пејачка ги охрабрува луѓето да не се откажуваат од она што го сакаат, дури и ако тоа на некого не му се допаѓа. Тоа правило го применува и на својот син.
Имено, Алиша го однесла својот четиригодишен син заедно со неа во салон за убавина и тој посакал да си ги излакира ноктите и тоа со боите на виножитото. Откако работничката во салонот го направила тоа, Генесис се свртел кон мајка му и рекол дека се предомислил. Кога Алиша го прашала зошто, тој и одговорил:
„Ова нема да им се допадне на луѓето“.
На Алиша тој одговор не и се допаднал и не можела да поверува дека четиригодишно дете тоа може да го изговори.
„Држи се до тоа. Ти го одбра. Тебе ти се допаѓа. Тоа ќе го носиш“ објаснила Алиша, на Инстаграм, како го натерала својот син да научи важна лекција.
„Во секој од нас постои машка и женска страна. Ме загрижува тоа што не можеме да ги истражиме двете различни страни во себе“, додала.
Многу други ѕвезди сметаат дека лаковите за нокти не се исклучиво наменети за жени па често и тие самите ги носат, како: Хери Стајлс, Бед Бани, Асап Роки и Шон Мендес, а сега во тоа друштво им се придружи четиригодишниот Генесис.