Уште една гордост на Американците банкротира

од Aleksandar Petrovski
359 прегледи

Банкротираше најголемиот американски производител на млеко Дин Фудс.

Компанијата постоела 94 години, но во последно време се борела на пазарот бидејќи Американците се помалку пијат млеко. Само оваа година продажбата паднала за седум отсто за првите шест месеци, а профитот помал за 14 отсто. Акциите на компанијата изгубиле 80 отсто од вредноста.

Дин Фудс произведувал некои од најпрепознатливите американски производи. Компанијата наведува дека за овој крах виновна е слабата побарувачка за кравјото млеко. Со банкрот ќе се обидат да ги реорганизираат своите долгови, а подоцна и да ја продадат компанијата.

Слични содржини