Милан бара заменик на Донарумa

од Aleksandar Petrovski
389 прегледи

Раководството на Милан веќе разгледува потенцијални замени на голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува „Газета дело Спорт“.

Младиот фудбалер е незаменлив за „росонерите“, но во последните месеци се зголемуваат информациите дека тој може да биде продаден. Интересот за него е голем, а на Милан му требаат свежи пари во касата, па затоа нема да биде изненадување ако Џиџи замине од „Сан Сиро“ во јануари или на лето.

Идентификувани се и двајца играчи во Милано, кои може да го заземат местото на Донарума, ако биде продаден. Првиот е Алесандро Плиџари, кој игра во Ливорно во Серија „Б“, но половина од неговите права се во сопственост на „росонерите“ и тие лесно можат да го вратат во својот состав.

Другата опција е да се привлече третиот голман на Јувентус, Матијас Перин, кој целосно ја загуби шансата да се бори за место под рамката по враќањето на Џанлуиџи Буфон во Торино.

Слични содржини