Филмското остварување на режисерот Тод Филипс, со Жоакин Феникс во главната улога, во текот на овој викенд ја надмина заработувачката од една милијарда долари, што е прв филм со оценка R во историјата да го постигне тоа.
Ова е трет филм инспириран од стриповите на DC Comics кој успева да ја надмине заработувачката од една милијарда долари, придружувајќи им се на „The Dark Knight“, „The Dark Knight Rises“ и „Aquaman“.
Продолжение за овој филм уште не е официјално потврдено, но режисерот Филипс е отворен за нови идеи и соработка со истиот тим. Сепак, тој смета дека нема потреба со сила да се прави продолжение, туку тогаш кога навистина ќе има добра идеја и приказна.
„Џокер“ во исто време е и најпрофитабилен филм, бидејќи неговото снимање и продукција чинеа 55-56 милиони долари, а заработката е неколкукратно над тоа.