Екс-хирург обвинет за педофилија: Идентификувани се 250 потенцијални жртви, поднесени се 184 кривични пријави

од Aleksandar Petrovski
274 прегледи

Мнозинството потенцијални жртви на поранешниот хирург се од регионот на Бретања, обвинителството од Ла Рошел се иззеде од предметот случајот во корист на тоа од Лориен, откако се откриени 250 потенцијални жртви, јавува дописникот на МИА.

Идентификувани се двесте и педесет потенцијални жртви на непропишани (незастарени) дела на д-р Ле Скурнек, поранешен хирург обвинет за силување и сексуални нападi, објави во понеделникот, 18 ноември, обвинителството од Ла Рошел. Прелиминарна истрага беше отворена во почетокот на октомври за да се идентификуваат можните жртви, ова по откривањето на тетратката пронајдена во домот на лекарот во 2017 година. Во оваа тетратка се евидентирани имиња на потенцијални жртви и докторот ги опишал сексуалните практики кои ги имал со нив.

Од овие 250 потенцијални жртви, 209 биле сослушани, неколку од нив „пријавиле конкретни дела“. 184 сакале да поднесат тужба (181 биле малолетни лица за време на делата), од кои 138 во моментов с во надлежност на Апелациониот суд од Рен, вклучувајќи 100 во Морбиан.

Слични содржини