Минситрите ја потврдија важноста на јакнењето на владеењето на правото. Имавме корисна средба на министите денеска, рече финсата министерка за правда, Ана Маја Херингсон на првиот ден од состанокот на министри на ЕУ и Западен Балкан, кој се одржува во Собранието на Република Северна Македонија.

„Важно е добро да функционираат изборните системи. Дискутиравме и за затворските институции и алтернативните санкции. Министрите од Западен Балкан одново ја искажаа својата заложба за јакнењете на владеењето на правото“, рече Херингсон.

Таа истакна дека владеењето на правото и јакнењето на демократијата во земјите е важна за борбата против корупцијата.

Еврокомесарката за прашања од правосудството, потрошувачката и родовата рамноправност, Вера Јурова пак, одлуката за недавање датум на преговори за Северна Македонија и Албанија ја нарече срамна.

„Од гледна точка на Комисијата, нема сомнежи за европерспективите на Западниот Балкан. Европската Комисија е уверена дека Северна Македонија и Албанија направија многу, но покрај ова, има делокруг во кој може да се направи повеќе за валдеењето на правото во земјите на Западен Балкан. Содржајните напори е единствен пат напред, рече Јурова.

Слични содржини