Ние сме дел од Европа како држава, треба да разговараме за сите процеси. Иако не сме формално членка на ЕУ, нашиот пат е зацртан дека определбата останува да бидеме члена на ЕУ, пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска-Ванчева во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
„Се што ги засега нив треба да не засега и нас. Овој т.н. нон пејпер мора со особено внимание да се разгледа, што тој нуди, има ли замки, нема ли замки, но суштината е дека не добивме преговори затоа што Макрон бараше реформи“, истакна пратеничката.
Според пратеничката од Алијансата за Албанците, Арта Точи, нон пејперот е шанса да се освестат политичарите и да се врати вниманието кон самата држава.
„И самиот нон пејпер збрува за внатрешните реформи, на крај би можеле да кажеме дека ние треба да се освестиме од тој нон пејпер и да спроведеме реформи. Ако ЕУ е навистина нашата цел, мора да се осмелиме“, истакна Точи.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски пак, смета дека има чувство оти не е само Франција со ставот дека треба да се забави проширувањето, туку други и држави.
„Впечатокот, што е и споменато во нон пејперот, е дека реформите во Западен Балкан се слаби, ниски и недоволни, затоа бара Франција одолговлекување на процесот на проширување. Ако до пред неколку месеци се надевавме дека за 10 години ќе станеме членки, сега мораме да кажеме дека тој процес ќе се одвива многу подолго. Битно е да најдеме сила во државата и луѓе кои ја знаат проблематиката и знаат да работат. За оваа влада немам впечаток дека знае. Можеби имаме маани на други теми, но кога ќе одлучиме да сработиме, знаат луѓето дека сработуваме“, вели Димовски.
Калевска-Ванчева пак, му возврати дека нон пејперот е тема за која треба сите да разговараат со ладни глави, објективно и да говороат за национален интерес, без разлика од која партија доаѓаат.
„Процесот сметате дека ќе се одвива побавно. Мислам дека токму спротивно, причината за нон пејперот е многу поширока, а не само за баканските земји кои имаат аспирација кон ЕУ. Тоа треба да го скрати процесот, да трае пократок период, но за тоа, секако дека мора да бидеме конзистентни за завршувањето на домашните задачи“, истакна пратеничката од владејачката СДСМ.