Уставниот суд ќе донесе одлука на една од наредните седници за членот од КЗ кој би ги спасил обвинетите од СЈО

од Aleksandar Todeski
299 прегледи

Уставните судии на одржаниот стручен колегиум ја разгледаа иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик, кој се однесува на намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службената должност и овластување, со кои би се спасиле од затвор голем број од обвинетите во случаите кои ги отвори СЈО, а ги презема ОЈО.

Од Уставниот суд информираат дека мериторна одлука ќе биде донесена на една од наредните седници.

„На колегиумот се разгледуваше оформениот предмет по иницијативата У.бр. 106/2019, со која е оспорена опредбата од член 3535 став 5 од Кривичниот законик. На седницата на стручниот колегиум сите судии ги изнесоа своите размислувања за неколку важни и спорни прашања покренати на претходната седница. Уставниот суд ќе донесе мериторна одлука на една од наредната седници“, велат од таму во соопштението.

Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 ја поднесе адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.

Слични содржини