Истражувањата покажаа: Мачките се врзуваат за луѓето повеќе од кучињата

406 прегледи

Она што најмногу сме го слушале за карактерот на мачките е „фактот“ дека не не сакаат. Многумина велат дека мачките се потполно без емоции и дека воопшто не се врзуваат за сопствениците. Се мисли дека мачките би одбрале храна од потполно непознат човек, него да потрчаат во прегратката на својот сопственик. Но, конечно можеме да го разбиеме тој мит.

Научници од Oregon State University спровеле тестови за запознавање на способностите на мачките. Истите тие тестови ги користеле и за кучињата и желките. Целта на ова истражување било да се отстранат предрасудите за мачките и да се докаже дека тие не е толку асоцијални колку што луѓето мислат дека се. Нивната цел била остварена. Педесет мачки ( дел домашни, дел од стационари) биле одвоени на неколку часа од играчките, луѓето и храната.

После тоа, ги пуштиле мачките во просторија каде имало луѓе, храна и играчки, а резултатот ги израдувал. Само 37% од мачките тргнале кон храната. Со тоа се покажало дека сепак мачките повеќе ги сакаат луѓето од храната.

Научниците кои работеле на ова истражување рекле дека однесувањето на мачката зависи и од нејзиното поранешно искуство со луѓе.

Слични содржини