МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија на домашен терен

од Aleksandar Petrovski
316 прегледи

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа петтиот триумф по ред на паркетот во „Јане Сандански“,  откако славеа над Широки Бријег со убедливи 83-71.

Тимот на Ѓорѓи Кочов се издвои на второто место на табелата со скор 6-2, односно со една победа помалку зад лидерот Борац Чачак. Клучен статистички елемент за триумфот беа големиот број погодени тројки, вкупно 14 и фактот што македонскиот првак доминираше во скок-играта (37-26).

Џабари Хиндс беше најефикасен во сино-белиот табор со 17 поени и шест асистенции, додека зад него беа Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски со по 13 поени на кои додадоа пет скока односно шест асистенции.

За точно една недела, МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра следниот дуел во АБА2-лигата и тоа на гостински терен против српскиот претставник Динамик.

Слични содржини