Актерката Фелисити Хафман помина 11 денови во федерален затвор, но тоа време било сосема доволно за да ѝ ги отвори очите за условите во кои осуденичките ја издржуваат затворската казна.
Хафман беше осудена на 14 денови затворска казна поради измама на државните испити за прием на колеџ. Иако отслужи само 11 денови од предвидената казна, таа еден месец откако излезе, изјави дека се фокусира на нов проект, наменет за поддршка на жените во затворите.
Актерката изјавила дека се чувствувала привилегирано бидејќи е јавна личност, додека кон обичните затворенички односот бил под секое човечко ниво. Длабоко ја погодило тоа што голем број од нив немале пари за добар адвокат и немаат како да продолжат со животот по излегувањето.
Хафман добила впечаток дека тие се заборавени од општеството и институциите, а тоа навистина ја погодило. Затворот во кој таа ја служеше казната во САД важи за еден од оние кои не прават доволно за рехабилитацијата и ресоцијализацијата на затвореничките. Поради тоа, таа почувствувала потреба, како позната личност, да преземе чекор и да се надева дека во блиска иднина условите ќе се променат во корист на сите тие жени кои отслужуваат затворска казна.