Џенифер Лопез (50) беше една од продуцентките и имаше главна улога во филмот „Hustlers“ во која ја играше стриптизетата Рамона, меѓутоа, во големото интервју за машкиот магазин GQ открила дека од тоа не замала ниту денар.
Филмот имал буџет од околу 20 милиони долари, а заработил повеќе од 150 милиони, а денес познатата Џеј Ло со задоволство зборува за уште еден успешен филм во нејзината кариера.
– Сето тоа го сработив бесплатно. Тоа е женски филм и сум горда на него. Во филмот се работи за жени, тоа им дава сила на другите жени. Да речеме дека сум се обложила на себе и на сите нас- изјавила Џеј Ло.
Џенифер денес е една од најбогатите и најуспешни жени на светот, исполнета е и на приватно поле, а во интервјуто истакнала дека парите никогаш не и биле приоритет.
– Парите никогаш не ме мотивирале. Отсекогап сакав да бидам одлична актерка, пејачка и танчерка. Сакам да снимам филмови, создавам музика и да го правам тоа на правилен начин. Парите дојдоа сами по себе. Многумина се сомневаат во овие мои зборови бидејќи добро заработувам, но навистина, парите не се она што ме турка нанапред. Се што правам, го правам затоа што го сакам – истакнала Лопез.
Како што е познато, за улогата во филмот „Hustlers“ морала макотрпно да вежба, да научи да танцува околу шипка, па дури и шетала по стриптиз барови за да научи повеќе за работата од девојките кои тоа го работат и да навлезе што е можно повеќе во ликот на Рамона.
Џенифер Лопез моментално ја снима романтичната комедија „Marry Me“ со Овен Вилсон, а филмската премиера е најавена за 2020 година.