Дескоска: Згрозена сум од случувањата со „Рекет“ и однесувањето на Јанева

од Aleksandar Todeski
393 прегледи

Јас мислам дека тест за судскиот систем се сите процеси кои се водат. Ни треба неселективна правда за било кого. Дали случаите кои ги почна СЈО, дали за случаите кои ги почнува сега обвинителството против актуелни функционери, нас ни треба неселективна правда против било кого, вели министерката за правда, Рената Дескоска во емисијата “Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

„Кога го гледам извештајот од ЕК, тие нас не фалат, велат се што беше потребно, Министерството за правда успешно го заврши. Министерството за правда не ги имплементира Законите за судството, туку судиите. Сега во рацете на судиите е историска одговорност дали ќе одиме понатака во ЕУ“, вели министерката Дескоска.

Таа вели дека единствен контакт со Катица Јанева имала за Законот за јавно обвинителство, многу пред да биде притворена, на дебата. Министерката вели дека е згрозена од нејзиното однесување, од постапката „Рекет“.

„Ако некој сте го носеле на маица, бил симбол за правдата и одеднаш гледате што правите, тоа придонесува за недоверба кај граѓаните. Катица Јанева си контактирала со нејзините адвокатите, постапката за испраќање на писмата до ОЈО одело преку надлежниот судија. Моите информации се дека таа постапка е целосно почитувана, но ги немам видено писмата па да знам кој ги пишувал“, нагласи Дескоска.

Министерката за правда вели дека се соочиле со различни страни, Министерството за правда со предлогот се што е почнато како постапки да продолжи и да има европски принципи, а од друга страна, опозицијата која барала прекинување на сите постапки, односно амнестија за сите.

„Другите прашања кои беа блиски, каде можевме да најдеме заеднички јазик, се приближувавме. Нелогично е, ние ќе се приближиме со ставовите, тие бегаат. Ми беше чудно, зошто сериозен преговарач ги зазема ставовите и кога му се приближуваш не се оддалечува со нови и нови барања“, вели Дескоска и додаде дека премиерот Заев им понудил опција која ќе приближела до опцијата опозицијата да предложи шеф на обвинителството кое би ги гонело актуелните функционери.

Таа истакна дека ќе свика професори кои би помогнале да се испрофилираат одредбите со кои повотрно би ставиле на маса закон кој би бил прифатлив за сите.

„Кога Заев предлагаше опозицијата да предлага обвинител кој би се занимавал со висока корупција, дел од странците се чудеа на храброста на премиерот. Опозицијата пак, беше заинтересирана само за случаите на СЈО“, истакна Дескоска.

Министерката вели дека случајот со уставните измени е случај каде што се правеше амнестија на дел од лцата, кои биле учесници во крвавиот четврток, но не биле насилни.

Таа додава дека едни од критиките биле спетакуларните апсења во време на претходната власт, за што додаде дека лично таа смета дека треба да се почитува пресумпцијата на невиност. За ветингот, Дескоска вели дека ако не се променат самите, како што е Советот за јани обвинители и Судскиот совет, тие мора да најдат начини да профунционира отчетноста и транспарентноста. Вели, ветингот е непријата мерка која се случува еднаш на подолго време.

„Не е лесна процедурата, во Албанија половина од судиите си дадоа оставка. Разговарав со премиерот, мислам дека побитно е се што е диво, канцерогено да го тргнеме. Што е ќарта од судија кои прави штета. Подобро да го немаме отколку да е тука и да го труе месото околу. Подобро е помалку судии отколку повеќе, но со штета“, истакна министерката Рената Дескоска и вели дека сака во ветингот да присуствуваат странци, за да се знае дека тоа што ќе остане е ткивото што ќе се бори за вистинска правда.

 

Слични содржини