Беше популарна актерка, па имаше нервен слом: Сега живее од парите на родителите

од Elena Daskalova
354 прегледи

Пред 9 години актерката Аманда Бајнс престана да глуми во филмови, но продолжи да биде активна на светската сцена, особено на социјалните мрежи.

Таа стана општопозната по нејзините неумесни и чудни твитови, кои ги објавуваше на Твитер, на пример јавно бараше секс од Дрејк, а на Ријана ѝ порача дека е грда и дека затоа заслужила ќотек од Крис Браун.

Потоа, возела без возачка дозвола, поседувала наркотици, подметнала пожар кај непознат човек во дворот, а го запалила и сопственото куче.

Откако било констатирано дека страда од сериозно биполарно нарушување, таа живее под надзор на родителите кои ѝ даваат џепарлак, бидејќи не заработува сама. Надзорот од родителите ѝ е доделен судски и ќе трае и во 2020 година.

Слични содржини