Ја озборувала Камила Кабељо пред камерите:„Таа секогаш е екстра“

319 прегледи

Актерката Џена Деван, на социјалните мрежи, ја обвинија дека ја омаловажува пејачката Камила Кавељо за време на нејзиниот настап на доделувањето на музичките награди АМА.

„Таа е секогаш екстра“, наводно рекла Деван, превртувајќи со очите, а фановите заклучија дека тоа се однесувало на Камила која во тој момент го изведувала хитот „Senorita“ со своето момче Шон Мендес.

Фановите, спорната реченица ја прочитале од усните на американската актерка, а таа многу брзо се огради од тоа на Инстаграм.

„Еј, луѓе, добивам многу пораки за тоа дека сум зборувала грдо за Камила. Не, апсолутно не, јас ја сакам, сакам, сакам. Голем Фан сум. ‘Senorita’ ми е омилена песна“, објаснила Џена, нејзината приказна ја потврдил и стилистот Бред Горески со кого седела на доделувањето на наградите.

Пејачката Камила Кабељо излезе со коментар за оваа „афера“.

Слични содржини