Лара Флин Бојл некогаш беше една од најбараните актерки, а се прослави со нејзината улога во серијата „Твин Пикс“, кога имаше само 20 години.
За кратко време стана секс-симбол, а глумењето одлично ѝ одеше. По „Твин Пикс“ се појави во повеќе филмови и серии, но речиси ништо не можеше да го надмине успехот кој го постигна со својата прва улгоа.
Но, за кратко време во фокусот на медиумите беа нејзиниот бурен љубовен живот, но и естетските корекции со чија помош таа се обидува да го зачува младиот изглед. Сепак, она што може да се забележи е дека наместо тоа, целосно ја имаат уништено и денешната Лара воопшто не личи на онаа која публиката ја обожаваше во 90-тите.
За неа блиските велат дека веќе е зависна од естетските операции и дека сака да го забави процесот на стареење. Но, наместо тоа, Лара е пример како не треба да изгледа жена која ја зачувала својата младост.