Нутриционистите многупати го демантираа верувањето дека ако сакаме да ослабнеме, од исхраната треба да ги исклучиме сите масти.
Мастите се една од клучните хранливи состојки, а постојат одредени намирници кои никако не треба да ги исклучувате, туку напротив, да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.
Еве кои се тие:
Овесна каша
Овесната каша подготвена со вода содржи 7% здрави масти, кои уште на стартот на денот ќе му помогнат на телото правилно да функционира и да не троши резерви од енергијата. Овесот содржи важни масни киселини кои телото не може да ги синтетизира самото, па затоа и треба да ги внесуваме пркеу исхраната.
Авокадо
Авокадото е вистина дека е калорично, а тоа е затоа што во најголем процент во составот е растителна маст, со застапеност од околу 30%. Иако е доста калорично, не би требало да се откажете од него, напротив, авокадото покрај мастите, содржи и други хрналиви состојки кои се важни за вашето здравје. Тоа докажано помага во забрзување на метаболизмот, ја хидрира кожата и го намалува крвниот притисок.
Темно чоколадо
Чоколадото со висока концентрација на какао, покрај што стимулира лачење на допамин и серотонин, исто е и извор на незаситени масни киселини. Важно е само да не го консумирате во преголеми количини, доволни се само неколку коцки, за да ги задоволите потребите од здрави масти, но и магнезиум, калциум, калиум и витамин Б.
Јајца
Едно јајце содржи околу 10% масти и здрави масни киселини. Исто така содржи и холестерол, но поради целокупната комбинација на хранливи состојки и незаситени масни киселини, тој не се задржува долго во телото.
Семки од тиква
Тие се најдобриот извор на омега 3 од растително потекло. Исто, содржат и магнезиум, а и помагаат во побрзо прочистување на цревата. Препорачливо е да се јадат непечени.
Ореви
Оревите се полни со растителни влакна, здрави масти и минимална количина јаглехидрати. Меѓу јатките, тие се најздравиот избор. Богати се и со антиоксиданси, а доволни се само 3-4 ореви во денот за веќе да ги имате примено сите нивни хранливи материи во дневните препорачани количини. Редовното консумирање ореви помага при срцеви заболувања и дијабетес тип 2.