Си-Ен-Ен: САД ќе издвојуваат помалку средства за НАТО

од Aleksandar Petrovski
198 прегледи

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ги намали средствата што САД ги издвојува за НАТО, јави американската телевизија Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон и од Алијансата.

До сега САД издвојуваа околу 22 проценти од буџетот за НАТО, додека сега се планира расходите да се намалат  на 16 отсто. За споредба Германија издвојува 14,8 проценти од буџетот за НАТО.

Според неименуваните извори САД ќе ги пренасочат средствата за финансирање на низа безбедносни програми во Европа, вклучително и програми за Украина и Грузија.

Си-Ен-Ен објави дека другите земји-членки на Алијансата се подготвени да го компензираат дефицитот, што би настанал по намалувањето на средствата од САД.