Популарните пејачки со албанско потекло донираа за жртвите во земјотресите

од Elena Daskalova
317 прегледи

По катастрофалниот земјотрес и неколкуте по него, светските ѕвезди со албанско потекло, меѓу кои и Дуа Липа, Рита Ора, раперот Гаши, Ангела Мартини и многу други повикаа на солидароност и донации.

Рита Ора и Дуа Липа веќе донирале по еден милион долари во солидарниот фонд наменет за помош на настраданите и нивните семејства.

Најпогодени градови од земјотресот беа Тирана и Драч. Потресите во последните неколку денови се најинтензивни досега што се случиле на територија на Албанија.

Поголемиот дел од нив се почувствуваа на речиси целата територија на Македонија.

Слични содржини