403
Британското издание на популарниот магазин Космополитен ја објави насловната страница за јануари 2020, на која се појавува Џонатан Ван Нес, со нови патики и фустан на Кристијан Сиријано, направен токму за него.
Ова е всушност првата насловна страница на британскиот Космополитен во цели 35 години на која има маж, а не жена, ако не се брои онаа со бендот One Direction во 2012. Ван Нес го нарекуваат и човечки ураган на позитивноста.
Последен маж кој се појави на насловната страница на овој магазин беше Бој Џорџ во декември 1984 година. Ван Нес може да се пофали и дека е првата личност со брада која излегува на насловна на Космополитен, на кое и да било издание досега.