Во ноември издолжен неидентификуван објект, кој потсетува на цигара или змија е забележан во неколку американски држави, од Калифорнија до Вајоминг.
Мистериозниот објект е забележан истовремено и во Шкотска. Но се уште нема објаснување за оваа необична појава на небото.
Бројните сведочења за змиски објекти кои лебдат на повеќе места во Америка, од Вајоминг до Тексас, ги поттикнаа теориите на заговор дека владата тајно ги шпионира луѓето, пренесува „Дејли Стар“.
Неидентификуваниот објект прв пат е забележан над калифорниската пустина Мојаве, која се наоѓа недалеку од подрачјето 51 – воена база каде како што тврдат теоретичарите на завери американската влада наводно експериментира со вонземски технологии. Објектот во истата област се појави повторно во септември.
https://www.youtube.com/watch?v=VVKd9pZTtLk&feature=emb_title