Што се слуша во Македонија? Криско, Раф Камора и 2Бона на врвот

од Elena Daskalova
430 прегледи

На сервисот Kworb може да се пронајдат детални прегледи за тоа каква музика се слуша во одредена држава или пак, што е актуелно, според најпопуларните стрим-сервиси, меѓу кои и Јутјуб, Спотифај, Ајтјунс и т.н.

Во Македонија, изминатиот период преку преслушувања на Јутјуб води соработката меѓу бугарскиот рапер Криско и нашите 2Бона и песната „Gorilla“, веднаш по него е дуетот на Раф Камора и Сенида „100%“, потоа ДеВито со „Oduzet“, женската група Hurricane и нивниот хит „Favorito“ и ЕмСи Стојан со песната „Mogu Ja To“.

Во табелата подолу можете да видите како изгледа листата со првите 20 најслушани нумери преку Јутјуб.

Слични содржини