326
Во три фирми во моментов се одвива акција од кои две неодамна се споменуваа за долгот од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирањето на кампањата за претседателските избори, дознава Локално.
Компанијата „Монт“ е дел од истрагата на инспекциите, која е дел од „Орка Холдинг“ на Орце Камчев, како и во фирмата „Полиестердеј“ која била ангажирана од партијата да ги печати маиците за кампањата.
Се „чешла“ и Горфактори С.А. Шпанија, за која нема информации како е поврзана со првите две.
Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат во текот на денот или утре.
А.Т.