На брза трака ќе оди ратификацијата на Протоколот во Шпанија, за мене нема дилема, рече аналитичарот Љупчо Зиков во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.
„Членството во НАТО е прозивод на болни и тешки реформи од промената на името до договорите со соседите. Има национален консензус дека за патот кон членство во НАТО и ЕУ, Македонија беше исправена пред тоа да прави политички непопуларни отстапки, затоа не се влечеа такви отстапки какви што ги направи владата на Зоран Заев последните 2 ипол години. Ако не се викаше Преспански, можеби ќе се имаше друго име, но ќе мораше да се направи. Ние никогаш не разбравме дека интеграција во НАТО не е само зошто сакаме ние да бидеме членки на НАТО, во голема мера е дали и тие сакаат да бидеме членки на алијансата“, рече Зиков и додаде дека никој голем воен сојуз не би ја примил државата, ако не се случиле сериозни реформи.
Според аналитичарот Никола Србов, можно е владата да ги одложи изборите со изговор за ратификација за Протколот за влез во НАТО.
„Зборуваме за самиот влез во НАТО, тука веќе никој нема дилема. Посебно прашање е како се стигнало до таму“, рече Србов.
Зиков смета дека нема потреба да се одложат изборите кои се закажани за 12 април.
„Нема причина да нема избори. Ова е жив политички процес, се може да се служи до 12 април. На Балканот државите се во таква политичка динамика во која не знаете што е следно. Македонија треба да избере дали стабилно ќе го тера процесот до крај за членството во НАТО или ќе се прифати партискиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ да идеме побрзо, па еве ќе прашам зошто да се брза сега. Кај нас многу брзо се ратификуваше членството“, вели Зиков.
„Оваа влада владееше 2 ипол години и никој не дискутира како тоа доаѓаат избори по 2 ипол години. Ајде да кажеме дека владата почна со 8 месеци доцнење поради познатите причини. Кога веќе напаѓаме, тогаш сите работи да ги видиме и да ги анализираме. Ако стартуваше како во секоја нормална држава, таа ќе имаше повеќе време за реформи, легитимно е да имате простор да сработите нешто. Вие за две ипол години имате средување на дел од економијата, преспански договр и многу други работи“, рече Зиков и додаде дека наспроти оваа влада, владата на Никола Груевски не изолирала од целиот свет.