Кога ќе кажеме кафе, на повеќето прва асоцијација им е бдење и топла, вска „поддршка“ во шолја која не полни со енергија за да се движиме, подготвиме и полни со елан да зачекориме во новиот ден и да исполниме се што сме зацртале.
Дали кафето е само тоа? Што му подаруваме на нашиот организам со една шолја свежо мелено кафе?
Благодарение на антиоксидансите кои се наоѓаат во неа, науката кафето го смета за пијалок кој може позитивно на влијае на здравјето, додека повеќе студии покажале дека љубителите на кафе имаат понизок ризик од развој на одредени болести.
Ја подигнува енергијата и ве прави продуктивни
Кофеинот во кафето е тој кој се ослободува од уморот и ја поткрева енергијата штом ќе се напиете кафе. Студиите покажале дека пиењет кафе ги подобрува одредени функции во мозокот, како помнењето, расположението, внимателноста, фокусирање… Сето тоа не прави многу попродуктивни.
Најдобар сојузник за слабеење
Дали сте знаеле дека кофеинот се содржи во скоро секој производ за согорување масти? За тоа постои одлична причина – кофеинот е една од ретките природни супстанци кои потврдено помагаат при топење на наслагите. Подобар ефект се добива кога пиете домашно, свежо мелено кафе, него суплементи, а притоа е и многу поздрав избор.
Моќен диуретик
Познато е дека кафето е еден од најмоќните диуретски напитоци кои го подигаат метаболизмот побрзо да работи и така го забрзува и исфрлањето на токсините и вишокот вода од организмот.
Ја зголемува физичката издржливост
Кофеинот содржи свежо мелено кафе кое го стимулира нервниот систем и го зголемува нивото на адреналин во крвта, што ве прави позидржливи. Најинтересен е начинот на кој кафето тоа го прави – кофеинот ги разложува масните ќелии и ги користи како енергија.
Ве прави посреќни
Се поголем е бројот на луѓе кои се борат против депресијата. Во желба да се истражи што им помага на тие луѓе да се изборат со оваа состојба, експертите откриле дека три шолји квалитетно кафе го намалува ризикот од депресија за 20%. Исто така, тие откриле дека доволно е да се почувствува мирисот на сварено кафе и расположението веднаш се подобрува.
Го продолжува животот
Научниците низ бројни истражувања утврдиле дека љубителите на кафе кои секој ден пијат барем две шолји од овој напиток, имаат помали шанси од развој на многу болести, од дијабет, со црниот дроб и мозокот. Со самото тоа, заклучиле дека пиењето кафе може да ви го продолжи животот.