286
Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро ќе го пропушти големото дерби на Манчестер против Јунајтед, а веста ја потврди менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, за време на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.
Ова е огромен удар за тимот, а при негативен резултат, амбициите на Сити да ја одбраната титулата во Премиер лигата ќе станат практично ништовни, бидејќи веќе водството на лидерот во рангирањето, Ливерпул е веќе доста сериозно.
– Кун нема да игра, но за наша радост Зинченко тренира последните неколку дена и е подготвен. Сепак, не можам да кажам колку минути ќе игра, објави Гвардиола.
Дербито меѓу двете екипи ќе се игра утре со почеток во 18:30 часот на „Етихад“.