Анџелина Џоли со години важи за една од најубавите жени на светот, а естетските хирурзи тврдат дека најчести желби на нивните клиенти се очи или усни како нејзините.
Според нејзините најблиски, таа многу личи на нејзината покојна мајка Маршелин Бертран, по која нејзината ќерка Вивиен Маршелин го носи името.
https://www.instagram.com/p/BsmKAyrhgID/?utm_source=ig_embed
Маршелин исто така била актерка, но ја занемарила кариерата за да може да се посвети на семејството, особено на нејзините деца. Таа се омажила на 21 година и најпрво го добила синот Џејмс, а потоа и Анџелина.
Никако не можела да ги вклопи актерските и семејните обврски, па одлучила дека сака да мине повеќе време со децата, наместо да снима. Од Џон Војт се разведе по пет години, бидејќи открила дека ја изневерувал.
https://www.instagram.com/p/By2zeJWHzHk/?utm_source=ig_embed
Таа почина по долга борба со ракот на дојка и на јајници, во 2007 година. Оттогаш Анџелина живее во постојан страв дека ја наследила болеста на нејзината мајка.
Погледнете ги фотографиите од Маршелин и самите проценете.
https://www.instagram.com/p/B34nbZLoVBH/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B1Y0XEynQyz/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B0QIGYEI69Y/?utm_source=ig_embed