Ако сте одлучиле од исхраната да ги исфрлите белото брашно и производите направени од него, сигурно барате и соодветна алтернатива за него.
Рецептите за пица со подлога од карфиол постојат и се споделуваат на социјалните мрежи веќе подолго време, а ние избравме еден од нив, за да можете и самите дома да ја направите:
Состојки:
Еден поголем карфиол, исецкан на помали цветови
Едно истолчено чешне лук
90гр мелени бадмеи
Едно изматено јајце
Две лажици маслиново масло
45гр пармезан
Фил:
Две лажици маслиново масло
Две исецкани главици кромид (на кругови)
Зачини по желба
250гр печеница
200гр конзервирани домати
Исецкана црвена пиперка
Козјо сирење
Маслинки
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени.
Во блендер најпрво исецкајте ги карфиолот и лукот. Потоа додавајте ги останатите состојки од првиот дел од рецептот.
Во тава за печење ставете хартија за печење. Распоредете го „тестото“, премачкајте го со маслиново масло и печете 20 минути. Потоа превртете со помош на друга тава и печете уште 10 минути.
Потоа подлогата премачкајте ја со сос од домати. Остатокот од состојките наредете го на вообичаен начин врз „тестото“. Потпечете уште 10-15 минути.