Лидерот на француската левица осуден на три месеци условна казна затвор

од Aleksandar Petrovski
176 прегледи

Лидерот на Непокорна Франција, Жан Лук Меланшон осуден на три месеци условна казна затвор, јави дописникот на МИА.

Жан Лук Меланшон, лидерот на левичарската партија Непокорна Франција, кој е еден од најголемите политички противници на претседателот Емануел Макрон е осуден на три месеци условна казна затвор.

Тој заедно со уште пет негови блиски соработници беше обвинет за „бунт и провокација“ кога им се спротиставија на полицијата која вршеше претрес во канцеларијата на неговата партија во октомври 2018 година.

Пресудата се совпадна со социјалното движење против реформата на пензискиот режим во Франција, на која се спротиставува партијата на Меланшон. За време на неговото судење, тој тврдеше дека станува збор за „политички процес. Но и тој и беговите сопартијци се свесни дека видео снимките од претресот на канцеларијата силно го погодија „имиџот“ на партијата.

Слични содржини