За писмото, службите во Министерството за економија направиле грешка, ние ќе направиме ново писмо и ќе го испратиме, тоа е човечка грешка. Ние многу добро ги знаеме нашите договори со соседите, дека јазикот е македонски, рече минситерот за економија, Крешник Бектеши на новинарско прашање во врска со писмото што го испратил до Енергетската заедница во Молдавија, а во кое наместо македонски, пишува „северномакедонски“.
Министерот додаде и дека не го откажал учеството во Молдавија поради Косово, туку поради принцип, бидејќи одлуките требало да се носат со консензус, а без учество на една од земјите, тоа ќе го немало.
„Јас стојам зад мојата одлука потплоно имајќи предвид дека ние со Енергетската заедница имаме одлични односи. Ние се залагаме многу да имаме интегриран енергетски пазар во регионот. Ние имаме направено многу реформи во овој дел и сме шампиони во ова. Нема да чуествувам, имајќи предвид дека минатата година, кога јас бев претседавач, донесовме одлука да се носат одлуки со консензус, а ако една земја не присуствува, како ќе донесеме одлуки со консензус. Најважно ми е од овие придобивки да имаат граѓаните на Република Северна Македонија и затоа сум се залагал. Ако некоја земја не присуствува, треба да се запрашаме зошто тогаш постои Енергетската заедница“, рече Бектеши.
При откажувањето на учеството во Енергетската заедница како член од Северна Макеоднија, тој не се консултирал со премиерот Зоран Заев, бидејќи како што рече во изјавата за медиумите, тој одлучувал дали ќе учествува.
Александар Тодески