Камери снимиле пад на авион во Феникс (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
166 прегледи

Безбедносна камера забележила пад на авион на улиците на Феникс во САД.

Во малиот авион се наоѓале пилот и патник, а двајцата го преживеале падот. Еден од нив е полесно повреден.

„Драго ми е што сум жив“, изјави пилотот.

Може да се види како авионот нагло се спушта и потоа удира во земја.

Авионот при падот оштетил неколку автомобили, еден сообраќаен знак, а штета настанала и на локалната електрична мрежа.