Пијалак со цимет за слабеење и контролирање на шеќерот во крвта

од Elena Daskalova
386 прегледи

Циметот има благотворно дејство не само во диетите, туку и за контрола на нивото на шеќерот во крвта. Затоа и е препорачливо да го консумирате секојдневно, како додаток или да направите пијалак од него.

Пола лажичка цимет прелијте ја со зовриена вода (околи 200-250мл) и поклопете го садот. Треба да отстои најмалку половина час. Не се процедува течноста. По желба, ставете малку мед.

Половина од количината испијте ја пред спиење. Другата половина чувајте ја во фрижидер и испијте ја наутро на празен стомак, но немојте да ја загревате, туку пијте ја ладна или пак, на собна температура.

Слични содржини