553
„Матрикс 4“ доби и официјален датум на реализација, 21 мај 2021, а на истиот ден излегува и „Џон Вик 4“, и двата со Кијану Ривс во главната улога.
За „Матрикс 4“ засега се знае дека Ривс ќе ја репризира улогата на Нео, Кери Ен Мос ќе биде Тринити, а ќе се појават и Јахја Абдул Матен, Џонатан Гроф, Нил Патрик Харис и Џесика Хенвик. Сценариото е на Лана Вачовски, а на него работеле и Дејвид Мичел и Александар Хемон.
Кијану Ривс паралелно работи и снима за двата филма. Се очекува четвртиот дел од сагата да биде најдобар досега, со оглед на тоа што вториот и третиот дел беа оценети како филмови со прекомплицирано сценарио и низа здодевни сцени кои ја нарушуваат приказната.