Оперската ѕвезда Пласидо Доминго (78) бил дочекан со овации на ала концертот по повод 50 годишнината од работењето, синоќа во миланската Скала, а тој возврати со ретка серенада.
Доминго стоел сам на бината со три жолти ружи и без музика ја отпеа омилената шпанска мелодија „Non Puede Ser“.
До тогаш, изведувачите кои настапуваа со него, хорот и оркестарот, веќе извеле два биса по повеќе од половина час аплауз и овации од публиката која стоела на нозе, што е ретко во скала. Тој, на третиот бис, излегол сам на мината.
Доминго бил видно допрен од приемот на публиката и во еден момент ја бакнал сцената на која прв пат настапил на 7 декември 1969 во главната улога во операта „Ернани“ од Џузепе Верди.
Тој пеел вкупно 135 пати на сцената во Скала, во 22 опери.
Овој јубилеј во Скала е обележан во годината во која американските оперски куќи ги откажуваа закажаните концерти, по обвинувањата од повеќе од 20 жени за сексуално вознемирување и неприкладно однесување.
Доминго ги негираше тие наводи и по периодот на мочк неодамна започна повторно да дава интервјуа на одредени медиуми пред настапите во Европа.
Во тие интервјуа тој рекол дека секогаш се однесувал како џентлмен и дека никогаш не ја злоупотребил својата позиција и влијание. Исто така, тој намерва да настапи барем додека не ги исполни закажаните концерти кои ги има до крајот на 2021 година.
Во САД сите негови испланирани концерти се откажани, но во европските оперски куќи и меѓу европските обожаватели наида на огромна поддршка и сите концерти се задржани.
Многумина кои присуствувале на синоќешниот концерт се фокусирале на квалитетот и посебната боја на неговиот глас и велеле дека е невозможно некој од надвор да знае што се случувало меѓу Доминго и оние кои го обвинуваат.
„Многу сум импресионирана. Неговиот глас и понатаму е неверојатен кога ќе видите колку години има. Тоа што се случило со него и движењето Me Too во Америка е страшно. Сите ние мораме да одговараме за нашето однесување“, рекла Дорис Папст (80), која во Милано допатувала со група од Германија на овој гала концерт.