Зошто поради стрес се појавуваат акни на лицето и телото?

од Elena Daskalova
762 прегледи

Многумина од нас прочитале, чуле, но и почувствувале на своја кожа дека поради стресот може да се создадат акни кои се болни, црвени и тешки за отстранување.

Вистина е, кога се предизвикани од стрес, всушност надбубрежната жлезда засилено работи и се зголемува концентрацијата на андрогени хормони во телото. Затоа и се појавуваат акни кои се болни, воспалени и често полни со гној. Некогаш остануваат на лицето, вратот, рамениците и горниот дел од грбот со денови и одново се воспалуваат.

Некогаш, дури и со најсоодветната нега на лицето, не можеме да ги запреме внатрешните процеси поради кои се случува зголеменото лачење себум, кој пак измешан со микроорганизмите на површината на кожата, како и со мртвите клетки, ги затнува порите и предизвикува воспалителен процес.

Решението најчесто е во ослободувањето од стресот, но секако, мора да внимавате и на хигиената и да користите производи за интензивно чистење на порите. Ако има потреба, посетете и дерматолог, за да добиете соодветен совет за нега.

Имајте предвид дека овој процес не е лесен. Стресот постои во вашето тело дури и кога свесниот дел од вас е смирен. На хормонот кортизол му треба долго време за да се стабилизира, а доволен му е само краток миг нервоза за одново да излезе од баланс. Затоа и лечењето на акните предизвикани од стрес оди навистина тешко.

Слични содржини