333
Најмалку 14 рудари загинаа, а двајца се водат за исчезнати по несреќата во рудник за јаглен во југозападната кинеска провинција Гуиџои, јави утринава Ксинхуа, пренесена од ДПА.
Во окното од рудникот Гуангдонг се наоѓале 23 рудари кога рано утринава дошло до експлозија на гас.
Седуммина од рударите успеале да излезат на површината на земјата, но двајца се уште се водат за исчезнати
ДПА пренесува дека официјални претставници на локалната Комунистичка партија пристигнале на местото на несреќата за да ја надгледуваат спасувачката акција за двајцата исчезнати рудари што ја спроведувале пожарникари, полиција и други служби за итни случаи. Акцијата за спасување е се уште во тек.
Кина е најголемиот потрошувач на јаглен во светот.