Харадинај очекува победниците на изборите што поскоро да формираат влада

од Aleksandar Petrovski
166 прегледи

Косовскиот премиер во оставка порача дека е неопходно што поскоро да се формираат институциите во земјата, додека одговорноста за тоа ја имаат победниците на парламентарните избори одржани во октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

По седницата на Владата, Харадинај изјави пред новинарите дека доцнењето во создавањето на институциите претставува минус за изборните победници.

– Добро е што поскоро да се формираат институциите во земјата, за што товарот паѓа на победникот на изборите. Доцнењето во создавањето на институциите од страна на победниците веднаш претставува минус за нив. Тие кои ветија дека ќе стават крај на заробената државата можеа денеска да бидат во владата, изјави Харадинај.

Тој додаде дека нема став за тоа што треба да сторат Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кои преговараат за формирање коалициска влада, но нагласи дека „тие ја презедоа одгворноста да ги изградат институциите“.

Харадинај рече дека би се сретнал со лидерот на ВВ Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер, но не со цел неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК), да биде дел од идната влада.

– ААК е во опозиција и не се гледа себеси како дел од владата на Курти, изјави Харадинај, чија партија на изборите од 6 октомври освои 14 пратенички места во 120. членото косовско Собрание. 

Слични содржини