Мормоните со заштеда од 100 милијарди долари од донации за „повторното доаѓање“ на Исус?

од Nikola Popovski
239 прегледи

Американската Црква на Исус Христос на светците од последните денови, позната како мормонска црква, го бранеше начинот на кој ги користи и инвестира донациите од нејзините членови, откако нејзиниот поранешен вработен Дејвид Нилсен им пријавил на тамошните даночни инспектори дека црквата има готовина во износ поголем од 100 милијарди долари.

Гласноговорникот на црквата Ерик Хокинс преку соопштение до јавноста, изјавил верската установа со седиште во американската сојузна држава Јута, која има 16 милиони следбеници ширум светот, функционира во согласност со сите закони за донации, инвестиции, даноци и резерви, и располага со парите врз основа на „разумни финансиски принципи учени од спасителот“.

„Поголемиот дел од донациите на членовите на мормонската црква се користат за финансирање на работењето на црквата, храмовите, мисиите, образованието и хуманитарните потреби, додека друг дел „методично се чува преку мудар финансиски менаџмент за градење на обилна резерва за иднината“, додава Хокинс.

Извесниот Дејвид Нилсен кој ја поднел пријавата на 21 ноември тврди дека раководството решило да ги чува парите и дека ќе се искористат кога Исус повторно ќе дојде.

Според него, црквата зема околу 7 милијарди долари годишно, поточно зазема 10% од годишните приходи на нејзините членови и годишно троши шест милијарди за своите оперативни трошоци

Слични содржини