Притвор за татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола

од Aleksandar Petrovski
127 прегледи

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, как што соопшти денеска од ЈО, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, осум и шест години.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на лицето му определил притвор во траење до 30 дена.

Слични содржини