Здружение на судии: Проверката на работата на судиите е во надлежност на Судскиот совет и Антикорупциска

од Aleksandar Petrovski
140 прегледи

Управниот одбор на Здружението на судии ги поддржува активностите на Државната комисија за спречување на корупција и Судскиот совет на РСМ, и смета дека проверката на работата на судиите и нивното однесување е континуирана работа во надлежност на овие две институции.

– Расправајќи за актуелната состојба на правосудниот систем со акцент на јавните повици за ветинг, прочистување односно проверка на работата на судиите, Управниот одбор на Здружението на судиите откако дебатираше за поимот „ветинг“ и неговата условеност со поголеми општествено политички промени и други општествени аномалии (како замена за зборовите: постоење на висок степен на корупција), целите и резултатите кои треба да се постигнат, заклучи дека нашиот правосуден систем не е во состојба која импонира потреба од една таква широка проверка на работата на судиите, надвор од постојните институции утврдени со актуелната законска регулатива, соопшти денеска УО на Здружението на судии по расправата за актуелната состојба во правосудниот систем.

Управниот одбор, како што стои во соопштението, ги охрабрува судиите да покажат професионалност и интегритет во нивното постапување и соодветно поставување кон новонастанатите состојби, притоа, УО апелира на воздржаност и негенерализирање при изнесувањето на јавните квалификации за состојбата во правосудниот систем.

– Управниот одбор донесе заклучок да се иницира унификација на ставовите со Врховен суд и Судскиот совет на Република Северна Македонија, во однос на ова прашање, се наведува во соопштението.

Слични содржини