Анџелина Џоли покрај сите приказни дека си занемарува децата, докаажа дека е пожрдтвувана мајка. За да го направи својот син Медокс горд, таа научила да пилотира авион.
Актерката во 2004 година станала пилот, а потоа купила и свој сопствен авион.
„Кога мојот син Медокс беше мал, беше опседнат со авиони и јас поради него сакав да се пробам во таа улога. Сакав да биде горд на мама“, изјавила Анџелина своевремено.
Актерката има авион од 650 илјади долари, а корисен и е кога има гужви во сообраќајот.
Холивудската ѕвезда е позната како многу вредна и силна жена која се бори за своите цели, а улогата на пилот е само уште еден плус кој докажува колку е способна и самостална, особено кога станува збор за децата.
За потсетување, Медок Џоли Пит се сели на друг континент, во Јужна Кореја како би ги започнал студиите.