332
Алфите и единицата за јавен ред и мир се спојуваат во една, интервентна единица, обелодени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според него, крајната цел е поголема видливост и активност на полицајците, а кој ќе раководи со единицата, ќе се знае до крајот на неделава.
„Точно е дека се прави реорганизација во МВР. Единицата „алфа“ и единицата за јавен ред и мир сега се спојуваат во една единица“, рече Спасовски.
Дел од медиумите претходно излегоа со тврдењето дека се расформираат „алфите“, но информацијата не беше потврдена од Министерството за внатрешни работи.