Роналдо, Меси, Нејмар и Агуеро беа многу далеку од Мбапе на 21 година

од Aleksandar Petrovski
175 прегледи

На 20 декември, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе наполни 21 година и несомнено е еден од најуспешните фудбалери во историјата за негова возраст.

Францускиот репрезентативец стана светски шампион минатото лето во Русија, освојува трофеј по трофеј во Лига 1 и постигнува голови. Тој веќе има фантастични 103 гола во својата кариера на клупско ниво.

Интересна статистика на страницата 90min.com покажува дека Килијан е далеку поуспешен реализатор од Серхио Агуеро, Нејмар, Лионел Меси и Кристијано Роналдо ако ги погледнеме четирите бројки до 21 година.

Кога тие беа на возраст на Мбапе, тие воопшто не беа толку импресивни. Кун имаше 75 гола, додека Нејмар имаше 72. Меси имаше едвај 48, а Кристијано имаше скромни 27 гола …

Слични содржини