Спасовски: Нападот врз Мутков пресметка на криминални групи

од Aleksandar Petrovski
275 прегледи

Во врска со инцидентот со Борис Мутков, познат како Фантом, кон кој било пукано вчера со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци, според првичните сознанија, како што информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција, се работи за пресметки на криминални групи.

– Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности. Но, оставам истрагата да покаже и да ги утврди сите факти и да се види дали има поврзност помеѓу групите, настаните…, одговори Спасовски на новинарско прашање дали има првични сознанија, дали тој напад има врска со нападот што се случи претходно во хотелот Александар Палас во Скопје.

Министерот Спасовски нагласи дека тоа лице го видел и во Собранието на 27 април.

Инаку, Борис Мутков беше осуден на осуммесечна условна казна затвор за упадот во Собранието од 27 април, заради учество во толпа.

Слични содржини