Се родија минијатурни во 1997 година, а вака денеска изгледа најпознатата седумка во светот (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
288 прегледи

Боби Меккој и нејзиниот сопруг Кени се родители на најпознатата седумка во светот. Тие во 1996 се одлучиле за стимулација на овулација, за да ги зголемат шансите за забременување.

Но, тоа резултирало со седум оплодени јајцеклетки. Тие веќе имале една ќерка кога се одлучиле дека сакаат повторно да станат родители. Овој пар неодамна стана еден од ретките во светот кои добиле наеднаш толку деца, а кои дочекале полнолетство, со оглед на тоа што ризикот бил преголем.

Всушност, гинеколозите советувале да ѝ бидат отстранети четири ембриони, за останатите три да добијат шанса да преживеат. Кога се породила предвреме, сите деца биле живи, но морало да бидат во инкубатор и да ги хранат со цевки. За две од нив било јасно дека ќе имаат проблеми со церебрална парализа.

Ова семејство во 1997 година беше едно од најпопуларните во светот, гостуваа кај Опра, а во помошта се вклучил и тогашниот претседател Бил Клинтон.

Луѓето од цела САД се собраа да му помогнат на семејството, да ги подобрат нивните услови за живеење, а меѓу другото, обезбедени биле стипендии за студирање. Денеска сите се возрасни, но и скромни луѓе, кои неодамна се стекнаа со дипломи од колеџ и дел од нив наскоро заминуваат на студии.

https://www.youtube.com/watch?v=C-FiwECqFAQ

 

Слични содржини