Николовски: Груевизмот ќе биде жестоко поразен на 12 април – довербата од граѓаните ни е најважна

од Nikola Popovski
209 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во интервју за Фактор вели дека со нова енергија, партијата е подготвена и на 12 април оди на голема победа, граѓаните ќе изберат напредок, ќе ја запечатат европската иднина на Република Северна Македонија,а рецидивите од груевизмот кои за жал сеуште се присутни во нашата земја ќе бидат поразени.

Николовски со задоволство зборува за новиот систем на работа и делување на СДСМ, за новата енергија, новиот концепт на партијата и интензивните теренски активности. На последната седница на Централниот одбор на СДСМ, тој беше избран за шеф на изборниот штаб на партијата за изборите предвидени за 12 април.

На прашањето што е она што најмногу ги мачи граѓаните и каде се нивните грешки, Николовски вели дека граѓаните се разочарани најмногу од состојбата во правосудството, од моментот што како што велат тие дека се уште на слобода има криминалци од времето на режимот. Свесни се граѓаните дека судската власт е независна, барем така треба да биде, но тешко е да се објасни дека станува збор за само 2.5 години, за целосно поклопен систем да може да се реформира. Тој вели дека тие се со граѓаните на иста линија и ќе испорачаат правда.

„Погледнете го ВМРО ДПМНЕ и ќе забележите дека се работи за истите ликови, Мицковски, советник на Груевски, некои велат Груевски од Будимпешта сеуште ја води партијата, Анотнио Милошоски, креатор на лажни вести, демантиран од сите амбасади, осомничен за неколку кривични дела, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Иво Котевски, практично целата груевистичка машинерија која душата и ја извади на македонските граѓани. Е ова е изборот кој го нуди ВМРО ДПМНЕ. Ако е ова изборот, а очигледно дека е тој, тогаш СДСМ како државничка партија сигурно нема да дозволи земјава повторно да потоне во мизерија“, вели Николовски, одговарајќи на прашањето дали се создава впечаток дека не исполнија многу од ветувањата и која е разликата меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ. 

Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк.

 

Слични содржини