Судскиот совет го разреши судијата Владимир Панчевски

од Aleksandar Petrovski
607 прегледи

Републичкиот Судски совет на денешната седница го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, потврдија за МИА од Судскиот совет.

Панчевски  е обвинет и за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот, но судењето сè уште не е почнато бидејќи неколку пати се одложува.

На денешната седница за претседатели на основните судови во Струга и Кавадарци беа избрани Ифет Бајрамовски и Лазар Нанев, кои воедно беа и единствени кандидати.

Членовите на Судскиот совет го изгласа и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители.

На денешната седница беше одложена точката за избор на шест судии на Апелацискиот суд Скопје, тројца судии за кривична област, двајца судии за граѓанска област и еден судија за стопанска-трговска област. Одложувањето на оваа точка е поради немањето координација и согласност меѓу членовите на Советот.

Поради обемниот дневен ред истата седницата ќе продолжи во понеделник.

Слични содржини