252
Повеќе од 250 илјади луѓе ги напуштиле своите домови во северозападна Сирија поради интензивното бомбардирање од владините сили, соопшти сириската Координациска група за одговор.
Според нивните податоци, 256.632 лица ги напуштиле домовите, а многумина од нив не знаеле каде точно ќе заминат. Голем дел се упатиле кон границата со Турција, посочи оваа хуманитарна група, која е активна во северозападниот дел на земјата.
Тие соопштија дека луѓето побегнале од 250 села и градови, а 252 цивили, меѓу кои 79 деца, загинале во насилствата.