Исчистете ги дамките на кожата со помош на маска од магдонос

од Elena Daskalova
295 прегледи

Ако кожата ви е склона кон појава на темни дамки на лицето, кои тешко избледнуваат сами од себе, тогаш треба и вие да преземете некој чекор за нега.

Решението е сосема природно и евтино – јогурт и магдонос. Еден врзоп магдонос се ситни во блендер, додека да се добие смеса слична на песто сос. Се меша со две лажици јогурт. Бидејќи смесата е прилично течна, заштитете се со крпа, за да не ја извалкате облеката.

Нанесете од смесата на лицето и оставете да отстои 10 минути. Можете да ја повторувате постапката двапати неделно. Направената маска има рок на траење, ако стои во фрижидер, 4-6 дена.

Слични содржини